Рама: Земјите од Западен Балкан се во многу подобра состојба од претходно, но ЕУ има проблеми

Премиерот Еди Рама денеска изјави дека земјите од Западен Балкан се во многу подобра состојба од деведесетите, но Европската унија е таа која има проблеми сега. Кога ЕУ беше во најдобра состојба, ние бевме во најлоша. Сега, кога ние сме во најдобра состојба, ЕУ има проблеми, рече Рама на конференцијата во организација на групата Пријатели на Европа во Брисел, алудирајќи на распадот на Југославија во 90-те. Според него конечно регионот се сврте кон помирување и соработка, на основа на стандардите и барањата на ЕУ, но предупреди дека доколку перспективата за членство во ЕУ започне да бледнее, тогаш работите може да тргнат во погрешна насока.

Advertisement