Редок вид желка во мрежите на рибарите во Валона

Редок вид желка,со своите мрежи уловија рибари од приморскиот град Орикум, кај Валона. Станува збор за морска желка од загрозениот вид  „Карета“,стара 45 години, тешка 40 килограми. На телото нема никакви повреди и по евидентирањето од страна на стручни лица вратена е во водите на Јонско Море. Рибарите потврдуваат дека во заливот на Валона, во водите на Јонско Море, биле уловени и други риби од редок вид, како и ајкули, што укажува дека климатските промени условиле тие да се појават и во морските води на албанскиот дел.

Advertisement