Репортажа на РТШ-2 за емитување емисии на јазиците на националните малцинства во Албанија (ВИДЕО)

Државна Радио Телевизија на Албанија РТШ-2, започнува со емитување емисии на јазиците на националните малцинства кои живеат во Република Албанија, на македонски, грчки, ромски, српски и влашки јазик. Веќе неколку месеци се емитува емисии на два јазика, грчки и српски. Додека 25 септември беше многу посебен ден, бидејќи иницијативата се придружија уште 3 други јазици Македонски, Ромски и Влашки, – рече директорката на ТВШ-2.

Но малцинствата ќе бидат претставени не само со вестите во ТВШ-2 “Ние како медиум имаме цел РТШ-2 да му служи на малцинствата во Албанија, тие да имаат на располагање еден канал во дрѓавната телевизија да се информират на својот јазик. Покрај вести, во овие емисии ќе се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ќе се промовираат и ќе се афирмираат културата, обичаите и традициите на националните малцинства, – рече Ѓикополи директорка на РТШ-2.

Емисијата на македонски јазик на РТШ-2 ќе се емитува секој ден, од понеделник до петок, со почеток во 17.00 до 17.30 часот, во траење од 30 минути. Предвидено е содржината на емисијата да биде 5-7 минути вести, а во преостанатото време ќе се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, обичаи и традиции! Гледајте!