Романот „Утронска молитва“ од Петко Шипинкаровски ќе се промовира во Белградскиот саем

На 26.10.2018 година во Белградскиот саем, ќе се одржи промоција на романот “Утринска молитва” на Петко Шипинкаровски, романот е преведен и објавен на српски јазик. Издавач е Книжевното друштво од Косовска Митровица. Рецензенти се Снежана Дабиќ, Новица Соврљиќ и Раде Вучиќевиќ кои ќе говорат за романот и неговата уметничка вредност. Инаку, Шипинкаровски е писател и поет, публицист, драмски автор, есеист и книжевен критичар кој зад себе има напишано повеке романи, книги поезија.