Русија: САД се меша во внатрешните работи на Балканот

Доказ за тоа се изборите во Македонија кога и покрај победата на ВМРО-ДПМНЕ, беше формирана коалиција благодарејќи на поддршката од Вашингтон, се вели во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, по изјавата на американскиот потпретседател Пенс на втори август во Подгорица.

САД се мешаат во внатершните работи на земјите од Западниот Балкан. Доказ за тоа се изборите во Македонија кога и покрај победата на ВМРО-ДПМНЕ, беше формирана коалиција благодарејќи на поддршката од Вашингтон, се вели во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, по изјавата на американскиот потпретседател Пенс на втори август во Подгорица.

Вашингтон се замеша и во интеграцијата на Црна Гора во НАТО, а употреби и сила во 1999-тата за го одвои Косово од Србија, тврди официјална Москва, дополнувајќи дека САД користат клишеа од идеологијата на Студената војна. Со ова ќе се зголемат тензиите на Европскиот континент, велат во руското МНР.