САД побараа од новата влада во Тирана да преземе брзи реформи против криминалот

 

САД побараа од новата влада во Тирана да преземе брзи реформи, да реализира брза борба против криминалот, како и расчистување со корупцијата во администрацијата. Во 20-минутниот телефонски разговор на државниот секретарот на САД, Рекс Тилерсон, со премиерот Еди Рама, американскиот секретар, според Кабинетот на Рама, нагласил дека неоходни се брзи реформи и пресметка со криминалот и корупцијата во сите сфери.

„Со оглед дека на изборите добивте силно мнозинство, веруваме дека ќе ги реализирате сите потребни обврски“, нагласил во разговорот Тилерсон, пренесува Кабинетот на албанскиот премиер. Американскиот државен секрертар исто така нагласил дека САД ќе го поддржат во целост Западен Балкан.