Сара Џелили Македонка од Голо Брдо наградена од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ со награда “Книжевни Бранови 2018”

Младата Сара Џелили, Македонка од Требиште областа Голо Брдо е наградена од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ со награда “Книжевни Бранови 2018” што се држа од 5 до 7 јули 2018 во Струга, Охрид и Вевчани, Република Македонија во организација на Здружението за литература култура и наука “Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност “Бранувања“ што излегува во Струга. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана им се заблагодарува на организаторот на г-дин Петко Шипинкаровски, што годинава, за втор пат Македонско друштво “Илинден“-Тирана беше дел на Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“-2018 со поетесета Сара Џелили како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана ќе има преставник на Македонците од Република Албанија. Да се добие ваква висока награда е голема чест и задоволство,- изјави Сара Џелили за Македонски весник “Илинден”.

 

Advertisement