Саша Узунов дојде од Австралија за да праша за Македонците во Грција, но не доби одговор (ВИДЕО)

 

Саша Узунов македонец од Австралија, независен новинар и продуцент на документарни филмови од Австралија, вчера присуствуваше на прес-конференцијата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Узунов е на едномесечен работен престој во Македонија и се обиде да го искористи своето присуство во Скопје да му постави прашање на грчкиот министер во врска со правата на Македонците во Грција.

„Господине Коѕијас, зошто Грција одбива да им даде човекови права на Македонците во Грција“, праша Узунов, но од двајцата министри единствено доби неколку секунди тишина.