Се одбележува 1003-годишнина од смртта на Македонскиот цар Самоил

На денешен ден пред 1003 години во Преспа умрел царот Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, трупите на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство.

По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите.

Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.