Се одржа летна школа за еколошка едукација во Преспа

 

Во периодот од 17 до 21 септември, во Мала Преспа, студенти од трите земји кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летната школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство. Прекуграничната летна школа, организирана од членовите на ПреспаНет, Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА) и Друштвото за заштита на Преспа (СПП), преку практични и тематски предавања им овозможи на учесниците да ги откријат придобивките од еколошката едукација и преку различни начини на толкување на природата да се стекнат со професионално искуство во различни области. Покрај интерактивните групни сесии, презентации и дискусии, учесниците имаа можност да се запознаат од прва рака со природните вредности на Преспа.