Се одржа вториот Македонски Фолклорен Фестивал СОНЦЕ 2017 (ВИДЕО)

 

ТВ Корча пренесува за Вториот Македонски Фолклорен Фестивал СОНЦЕ 2017 кој синоќа се одржа во Корча. Целиот фестивал ТВ Корча ќе го емитува за новогодишните празници. Исто така, фестивалот ќе се емитува и на вториот канал на државната албанска телевизија. Благодарност до сите учесници на фестивалот, до фолклорниот ансамбал “Мислешево” од Струга и уметничкиот раководител Здравко Јакимовски Банар, фолклорната група од училиштето “Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” од Пустец, Мала Преспа и раководителот Цветко Китани, младиот пејач од Шулин, Мала Преспа, Владимир Насто, познатите македонски пејачи на народна музика, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Вики Среброва како и до младите водители на фестивалот Деан Димо и Катерина Сотир.

 

Advertisement