Серија земјотреси на Балканот

Серија земјотреси се регистрирани на Балканскиот полуостров, објави Европскиот сеизмолошки центар. Земјотрес со јачина од 4,4 степени по рихтер ја погоди Црна Гора во 13,05 по локално време. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 55 километри североисточно од Погорица, на длабочина од 5 километри. Нема информации за штети и повредени. Истовремено, земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Керкира, Грција. Епицентарот на потресот е на 46 километри северозападно од Керкира и 153 километри јужно од Тирана.