Скандал: ВМРО и Красимир Каракачанов се издржувала продавајќи бугарски пасоши

Поранешната директорка на Одделот за бугарско државјанство во Министерството за правда Катја Матева, во телевизиска емисија кажала дека ВМРО и Красимир Каракачанов се издржуваат од продажби на бугарско државјанство.

„Имам докази дека ВМРО и Красимир Каракачанов се издржуваат од продажбата на бугарски државјанства“, изјавила за БТВ Катја Матева.

Таа истакна дека во јавност нема да ги презентира доказите и дополни дека не дала согласност за објавување на дојавите кои ги поднела во државната агенција “Национална безбедност“ во 2016 година. Таа е разрешена кон крајот на 2017 година, по дисциплинска постапка, но не знае кое биле мотивите, ниту била повикана да даде објаснување. Со години се делат бугарски државјанство не законски во Албанија, Македонија, Молдавија, Србија, Косово.