Снимка на Пјонгјанг од воздух на улиците нема ни луѓе ни автомобили (ВИДЕО)

Додека глобалните политички тензии растат и медиумите сето внимание го насочуваат на вестите за тестирањата на оружјата во Северна Кореја, сепак има интерес и за други аспекти во оваа земја, и понатаму обвиена во мистерија. Компанијата Арам пан од Сингапур добила дозвола од севернокорејските власти од воздух да го снимат главниот град на државата – Пјонгјанг. Резултатот е интересна снимка, на која можат да се видат живописни згради.

Сепак, она што е интересно е што на улиците нема ни луѓе, ни автомобили. „За град од 2,6 милиони жители, Пјонгјанг е прилично пуст“, изјави претставник на сингапурската компанија. Снимката е дел од проектот „ДПРК360“, чија цел е претставување на Северна Кореја.