Сојузот на Македонците со исламска религија а Косово не живеат Бугари туку Македонци

 

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ја отфрла изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за време на неговата официјална посета на Софија, за Гораните како “бугарско малцинство“ на Косово.

СМИР повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци!

СМИР бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!

СМИР изразува жалење, бидејќи после велепредавството со Договорот Заев-Борисов за ревизија на македонската историја, Софија ја засили својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“.

СМИР ја осудува бугарската пропаганда во Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“. СМИР и натаму повторува дека Македонците во Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“!

СМИР потврдува дека најголемиот број Горани имаат македонско државјанство! СМИР апелира Македонската Влада да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Косово!

Advertisement