Социјалистичко движење за интеграција му порача на Рама дека му се избројани деновите

Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), кое е трета по голема политичка партија во Албанија, му порача на албанскиот премиерот Еди Рама дека „му се избројани деновите, затоа што е измамик и најодвратен премиер што некогаш го имала земјата“.Партискиот потпретседател и координатгор на пратеничката група на ЛСИ, Петрит Васили упати остри зборови кон Рама, додавајќи дека тој е главниот виновник за актуелната состојба во која се наоѓа земјата.

Според него, последните настани покажале дека Пбвинитествто и полицијата „се паднати на земја и понижени како институции“, затоа што работат по наредба на Рама. Васили вели дека премиерот Рама „изградил модел на измамници”.

Без достинство, измамик, дрдорко тоа е Рама,обвини Васили. Според него, Рама “обезбедил место во историјата како најодвратен и без никакво достоинство премиер што Албанија го имала кога било“. Во знак на почит кон себе си, не го слушајте неговото идиотско мамење и на идиотите кои треба да си заминат заедно со него, им порача Васили на албанските граѓани. Деновиве лидерката на ЛСИ, Моника Круемади, изјави дека земјата се наоѓа во многу тешка економска и политичка состојба, за што.,според неа, главен виновник е премиерот Еди Рама.