Совет на Европа: Малцинствата во БиХ се соочуваат со институционална дискриминација

Националните малцинства во БиХ не уживаат адекватен пристап на своите права, е заклучокот од Советодавниот комитет на Советот на Европа. Советодавниот комитет тоа го заклучил во објавениот извештај за положбата на националните малцинства во БиХ. Советодавниот комитет на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во најновиот извештај оценува дека во таа земја има длабока не почитување на национално малцинство институционално дискриминирано и оневозможени во целост да учествуваат во политичките процеси.

„Наспроти одлуките на Европскиот суд за човекови права, и натаму е ограничено вршењето високи јавни функции од страна на сите други етнички групи во БиХ, поради недостиг на политичка волја да се изменат уставните и правните одредби“, се наведува во извештајот. Јавниот живот, како што се оценува, и натаму е обележен со сегрегација, при што припадниците на конститутивниот народ, кој живее надвор од територијата што одговора на нивната етничка припадност, исто така трпат дискриминација, а во некои случаеви и насилство и злоупотреба.