Советот на општина Пустец посхумно го прогласи Спасе Мазенковски за почесен граѓанин на општина Пустец поради неговото несебично залагање за унапредување на правата на Македонците во Албанија и за огромниот придонес како новинар, писател, публицист и афирматор на македонската култура и историја во Албанија.
Спасе Мазенковски ќе остане запаметен како голем македонски патриот, писател, новинар и публицист, кој целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Тој ќе остане како патоказ за идните генерации, за тоа како се сака и колку макотрпно се работи за својот народ.
Advertisement