Светскиот Македонски Конгрес бара итно да се прекинат преговорите за промена на името

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе ги преземе сите мерки во согласност со домашното и меѓународното право за поништување на договорот Заев-Ципрас и штетните последици по државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Македонија. СМК смета дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата претставува, капитулација, корупција и организиран криминал поради лукративни цели!

СМК очекува лицата кои ќе склучат и ратификуваат договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата да бидат изведени пред судот на правдата, народот и историјата, и најстрого казнети за сторени кривични дела: повреда на угледот на Република Македонија (член 178), излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците (член 179), велепредавство (член 305), загрозување на независноста (член 308), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (член 313), здружување заради непријателска дејност (член 324), злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), и самовластие (член 392) од Кривичниот законик на Република Македонија!

Македонците во татковината и во светот отфрлаат промена на Уставот, ратификација на меѓународен договор и референдум заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзино јавно изразување, ниту слобода на говорот, туку флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија и на меѓународното право, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, како и најтешко кривично дело велепредавство, што траба да биде казнето со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

СМК потсетува дека името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата значи трајна промена на идентитетот на нацијата, затоа што по меѓународно право името на националноста по автоматизам се определува по името на државата! СМК потсетува дека прашањето за името е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа за “СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а одлуката на референдум по Устав е задолжителна за сите, без исклучок! Нов референдум за името на државата нема да биде референдум за негова одбрана, туку за негова трајна промена! Македонците се поучени од државниот терор на Владата на СДСМ за време на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година и фалсификувањето на референдумските резултати!

СМК го повикува Заев да не склучи договор со грчкиот премиер за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! СМК ги повикува пратениците да не го ратификуваат дотоворот за промена на името на државата и идентитетот на нацијата доколку биде склучен! СМК го повикува претседателот на Републиката да не го потпише Указот за погласување на Законот за ратификација на Договорот за промена на името на државата и иденитетот на нацијата и при повторно гласање во Собранието! Претседателот на Републиката и парламентарната опозиција имаат историска одговорност или ќе останат запаметени во историјата како спасители на државата и нацијата или ќе бидат соучесници во велепредавството на Владата!

СМК повикува на бојкот на референдум за промена на името на државата со слоганот: “Секое прашање за промена на името на државата и идентитетот на нацијата не заслужува одговор!“ Македонците во татковината и во светот, во апсолутно мнозинство, отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во татковината и во светот, бараат Претседателот на Републиката да објави безусловен крај на преговорите за разликата за името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ што се’ уште траат!

СМК ја потсетува Владата дека името на државата и идентитетот на нацијата не се технички прашања за коишто решава Организацијата на Обединетите Нации, бидејќи таа нема надлежност за име на држава, народ и јазик! Име на регион или град нема, ниту креира правни обврски или забрани за имe на држава, бидејќи државата е меѓународно-правно лице (субјект), а регион и град не е субјект на меѓународното јавно право, ниту државите имаат ексклузивни права на име!

СМК ги повторува шесте принципи во меѓународното право релевантни за името на државата и идентитетот на нацијата: (1) Државите немаат ексклузивни права на државните имиња; (2) Државните имиња не влијаат на територијалните права и обврски; (3) За името на државата, не е релевантна историјата или наследството; (4) Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат; (5) Државното име не може да се: украде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од Обединетите Нации) или да се преформулира; и (6) Правото на поседување правен идентитет на државата и самоопределување на народот е jus cogens норма на внатрешното уставно-правно уредување, името не е предмет на било какво надворешно уредување или мешање!

СМК укажува дека со промена на името на државата и идентитетот на нацијата се врши трајна демонтажа на државноста и се губи државниот суверенитет и територијалниот интегритет, што создава безбедносен проблем на Балканот, ќе воскреснат територијалните аспирации на сите соседи кон Македонија од Балканските војни 1912-1913 година.

СМК потсетува, дека во согласност со членот 53 од Виенската конвенција за договорното право, потпишана на 23 март 1969 година, а ратификувана на 6 мај 1970 година, “ништовен е секој договор кој во моментот на своето склучување е во судир со императивната норма на општото меѓународно право (jus cogens), “прифатена и призната од целата меѓународна заедница на државите, како норма од која не е допуштено никакво отстапување и која не може да се измени со нова норма на општото меѓународно право од ист карактер!“ СМК потсетува дека меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија, и тие мора да бидат во согласност со Уставот! Уставот не се менува со меѓународен договор. Со меѓународен договор не може да се суспендира или анулира дел или целиот Устав на државата!

И покрај се’ и после се’, СМК ги охрабрува претседателите на Македонија и Грција да потпишат заедничка Декларација за историско македонско-грчко помирување во којашто двете страни: (1) заедничката граница ја сметаат за неповредлива, (2) отфрлаат територијални претензии, и (3) потврдуваат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

СМК ги повикува Македонскиот и Грчкиот претседател да склучат Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, врз принципот на еднаква сувереност, што ќе ја замени Времената согласност од 13 септември 1995 година! СМК ги повикува постојаните земји членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации да го спречат ова насилство врз Македонскиот народ и дестабилизација на државата Македонија и регионот заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!