Светскиот Македонски Конгрес изразува разочарување стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија

 

 

Светскиот Македонски Конгрес изразува разочарување од намерата на Владата во Тирана, после притисоците од Брисел и Софија, да го стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија. СМК жали што Владата во Тирана не одолеа на софиските и бриселските притисоци за признавање на “бугарско малцинство” во Албанија, освен осумте со повеќедецениска пописна верификација: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, Срби, Црногорци и Бошњаци.

СМК упатува остар демарш поради ваквата одлука на Владата во Тирана, како и до Владата во Софија, заради скандалозната и неприфатлива пракса на Бугарија за регрутација на “бугари” меѓу Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, со залажување за бугарско државјанство со изјава дека се “бугари по потекло”! Посебно, после изјавата на Бугарската Академија на науките дека во Македонија живеат повеќе од 1.100.000 “бугари”, а во Албанија најмалку 100.000 “бугари” во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора каде што отсекогаш живееле, живеат и натаму ќе живеат само Македонци. Во Албанија нема “бугари по потекло” како ниту во Македонија!

СМК апелира до сите Македонци да ги прекинат постапките за прием во бугарско државјанство, а тие што го примиле да се откажат од него поради очигледните манипулации на Владата во Софија по името на државата и идентитетот на нацијата, со изјавата за “бугари по потекло”!

СМК упатува остар демарш до Европската Унија поради игнорирањето на манипулациите и злоупотребите на Софија за масовно издавање бугарски државјанства на Македонците по потекло во Македонија, Албанија, Косово и Србија, со изјава “бугарин по потекло”!

СМК повторно од претседателот Ѓорге Иванов бара итно и безусловно помилување на Едмонд Темелко што ќе го ослободи од натамошна истражна и судска постапка за делото за кое е обвинет без вина и без докази, поради ризик Владата во Тирана да именува повереник во општина Пустец кој би бил Македонец со бугарско државјанство!

СМК јавно го запрашува Социјал-демократскиот сојуз, дали се свесни што и’ прават на државата и нацијата, со: договорот за ревизија на јазикот културата и историјата на Македонскиот народ со Софија, договорот за промена на името на државата Македонија со Атина, “тиранската платформа” за јазична федерализација на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи, и со доселувањето на мигранти од Блискиот Исток Африка Азија што ја менува етничката и верската карта на Македонија?

 

Advertisement