Светскиот Македонски Конгрес ќе се одбележи Денот на независноста на Македонија во Канада

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Канада и македонските цркви и организации од цела Канада, на 16 септември 2017 година во храмот на Македонската Православна Црква “Свети Климент Охридски“ на 76 Overlea Blvd, Toronto, во 20.00 часот (8.00pm) ќе се одбележи Денот на независноста на Македонија и 26 годишнината од самстојноста на Македонија! Во програмата ќе настапи културно-уметничкото друштво “Македонка“ од Торонто, предвидена е забава за младите и проекции на цртани филмови за децата. Учесниците ќе имаат богат избор на пијалоци и јадење. Добредојдени се сите Македонци и пријатели на Македонија!