Светскиот Македонски Конгрес на 8 септември организира Семакедонски собир пред Собранието на Република Македонија

Координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на Денот на независноста – 8 септември 2018 година, сабота, во 19.00-22.00 часот, пред Собранието на Република Македонија организира Семакедонски собир. Заедно да го одбележиме Денот на независноста на Македонија и да се потсетиме, дека на 8 септември 1991 година, Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдум по Устав е задолжителна за сите без исклучок!

Заедно да упатиме семакедонска порака: Безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето! На 30 септември заедно да ја следиме регуларноста на гласањето пред гласачките места до нивно затворање и во 20 часот, пред Собранието на Македонија, пред советите на општините и пред амбасадите и конзулатите, да прославиме голема победа за Македонија, со неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не снема…

Бојкотирам значи НЕ ГЛАСАМ! Не гласам затоа што сум против промена на името! Прашањето за промена на името и идентитетот НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР! И запаметете: Никој не може да биде повикан на одговорност за гласање односно негласање на референдумот! Затоа, сите Македонците еден за друг и Македонија вечна, од исконот до бескрајот!

На Семакедонскиот собир е подготвена богата културно-уметничка програма и за повозрасните и за помладите! Добредојдени се сите кои си ја сакаат татковината Македонија! – стои во сооптението на Светскиот Македонски Конгрес.

Advertisement