Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува бугарската агресија врз Македонците во областите Гора и Жупа на Косово

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) изразува сериозна загриженост поради бугарската инвазија меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово и Гора во Албанија, претставувајќи ги како “бугарско малцинство“! СМИР пред меѓународната јавност и властите во Албанија и Косово прокламира дека Бугари во Косово и Албанија, како и во регионите Гора и Жупа, НЕМА!

СМИР бара Софија да се откаже од агресивната антимакедонска политика кон Македонците со исламска религија од областа Гора на тромеѓата меѓу Албанија, Косово и Македонија како “Бугари“!

СМИР потврдува дека на целата територија на Албанија и Косово не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија и Косово не се “Бугари“!

СМИР бара Владата на Република Македонија да упати потестна нота до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија и Косово за “Бугари“!

СМИР апелира до Брисел да стави крај на денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја врши Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и Косово, под услов да се изјаснат за “Бугари“.

СМИР ја потсетува Македонската Влада, дека Македонија издаде дваесетина илјади македонски државјанства на Македонците од Гора и дека Владата е должна во согласност со Уставот да се грижи за унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Албанија и Косово, а не да премолчува пред Владата во Софија поради Договорот Заев-Борисов!

СМИР петицијата на “500 Бугари до косовскиот парламент за признавање на бугарско малцинство во Косово“ ја смета за злоупотреба на човековите права и очекува Косовската Влада да ја отфрли, затоа што Бугари на Косово никогаш немало, воопшто пак меѓу Македонците во регионите Гора и Жупа!