Светскиот Македонски Конгрес упатува остра осуда на бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија и Косово

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење, Софија ја засилува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора и Жупа на Косово и во Република Албанија, претставувајќи ги за “Бугари“. СМК ја осудува бугарската пропаганда во Албанија и Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“.

СМК и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Албанија и Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“! СМК апелира Владата да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Албанија и Косово.

 

Advertisement