Tag Archives: арм

Пендаровски ги посети припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР во Косово

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара. На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“ кадешто се распоредени 65 припадници ...

Read More »

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во Косово

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, ...

Read More »

Петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји се одржува во Охрид

„Употреба на Вооружените сили во справувањето со најновите предизвици во национален и регионален контекст (најдобри практики)“, е главната тема на Петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, која денес се одржува во Охрид. По отворањето на Конференцијата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како домаќин на конференцијата свое обраќање имаше ...

Read More »

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Пендаровски преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата распоредени во мировните мисии

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата, распоредени во мировните мисии КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан. Во текот на разговорот припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за нивните должности и начинот на нивното извршување, за тековните активности, за ...

Read More »

Првиот македонски контингент мировници во КФОР замина кон Косово

Првиот македонски контингент со 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово. Тие шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, информира Министерството за одбрана. Со учеството во мисијата КФОР на Косово, додаваат, дека Македонија го зазема ...

Read More »

Првиот контингент на македонската армија испратен во мисијата КФОР на Косово

Во касарната ,,Илинден“ во Скопје со присуство на највисокиот воен и државен врв се реализира воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Македонија, во мисијата на НАТО во Косово – „КФОР“. Армијата на Република Македонија за првпат како 30-та земја членка на НАТО директно ќе учествува во мисијата КФОР во Косово каде во следните шест ...

Read More »

Македонски војници ќе бидат дел од мисијата на НАТО во Косово

Владата на Македонија ја разгледа и усвои информацијата за учество на земјата во мисијата на НАТО во Косово – КФОР и го задолжи Министерството за одбрана да ги преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР за распоредување единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во ...

Read More »

Британската амбасада во Македонија донира опрема за АРМ за борба против короната

Британската Амбасада во Македонија донираше опрема за АРМ за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици. Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата ...

Read More »

Македонија: Армијата најодговорно и професионално ги извршува доделените задачи

Припадниците на Армијата уште од почетокот на воведувањето на вонредната состојба најодговорно и професионално ги извршуваат доделените задачи за поддршка на институции и граѓаните. Ова го истакна денеска генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој им се заблагодари и даде поддршка за нивниот ангажман и вложување во извршување на задолженијата. Тој во текот на викендот и претходните денови ги обиколи припадниците на единиците ...

Read More »

Македонија: Армијата се вклучи во спроведување на мерките за заштита на населението од Ковид 19

Врз основа на одлуката на Претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски по одлуката на Владата за прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, за спроведување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот, Армијата на Македонија се вклучува во поддршка на овие единици на локална самоуправа во согласност со мисијата на Армијата ...

Read More »