Tag Archives: Холандија

Холандија е против влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната поради корупција и организиран криминал

Парламентот на Холандија усвои резолуција со која државата треба да се спротистави на пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандски пратеници побараа од владата на Марк Руте да стави вето на пристапот на Бугарија и Романија кон Шенген. Тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји. ...

Read More »

Терористички напад во трамвај во холандскиот град Утрехт

  Најмалку едно лице e убиено, а неколкумина се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, соопшти полицијата. „Неколку куршуми биле испукани во трамвајот, едно лице е убиено, а неколку се повредени. На местото на настанот има хеликоптери, а досега никој не е уапсен“, изјави портпаролот на полицијата Јуст Ланшаге. Холандскиот премиер Марк Руте се обрати ...

Read More »

Федералната унија на европските националности изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана за правата на Македонците во Албанија 

Федералната унија на европските малцинства (ФУЕН) на 63-от Конгрес што се одржува во Леуварден, Холандија едногласно усвои Резолуција со која ги подржува Македонците во Република Албанија, во барањата за надминување на проблемите, предложена од македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана. Нашето друштво, како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави резолуцијата до Конгресот што се одржува во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на 63 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Денеска почна 63 конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) што се одржава од 20 до 24 јуни 2018 година во Леуварден, Холандија. Конгресот се организира од Совет на Фризиското движење организацијата членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Фризи етничка група населена на крајбрежните делови на Холандија и Германија. Главно се наоѓаат во холандските покраини Фризија и Гронинген, а во Германија, Источна Фризија и Северна Фризија, која била дел ...

Read More »

Сезонска авиолинија Охрид-Мастрихт

Холандскиот авиопревозник „Corendon“, од ова лето, ќе воведе сезонска авио линија од Охрид до градот Мастрихт, Југо-источна Холандија. Летовите ќе започнат да се реализираат од 6 јули. Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети. Се очекува, уште неколку ...

Read More »

Со церемонија ќе се затвори Хашкиот трибунал

Во Хаг денска ќе биде одржана официјална церемонија на затворање на Меѓународниот суд за поранешна Југославија кој беше основан во 1993 година. Меѓународниот суд официјално престанува со работа на први јануари 2018 година. Во текот на 24 годишната работа беа процесуирани над 160 обвинети, кои добија над илјада години затвор. Трибуналот зад себе остава милиони документи од предметите кои ги ...

Read More »

Бронзен медал за Мила Ивановска на Меѓународната олимпијада по природни науки во Холандија

Мила Ивановска  ученичка во прва година во гимназијата Јосип Броз Тито освои бронза на Меѓународната олимпијада по природни науки  што се одржува во Холандија. Таа е единствена од шесте натпреварувачи од Македонија која ги помина тестовите по физика, хемија и биологија. Со бронзен медал на Меѓународната  јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017  Холандија, се закити нашата битолчанка  Мила ...

Read More »

Победник на изборите во Холандија е Либерална партија

Според првичните резултати од излезните анкети, владејачката Либерална партија на сегашниот премиер Марк Руте победи на парламентарните избори во Холандија, освојувајќи 31 од вкупно 150 места во парламентот, јавува Anadolu Agency (AA). Радикално-десничарската Партија на слободата  на Герт Вилдерс освои 19 пратенички места, а исто толку освоија и „Демократи 66“ и Христијанската демократска партија. Следат „Зелените“ со 16 пратенички места, ...

Read More »