Tag Archives: македонски јазик

Мојсова-Чепишевска: „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“ – стихот на Шопов ја одразува смислата на Третата зимска школа

                  „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија.“ Со овој стих на великанот Ацо Шопов, објавен пред четириесет и три години, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето ...

Read More »

Продолжуваат активностите за афирмација и развој на македонистиката во Турција

Продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција. На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX ...

Read More »

Македонскиот јазик, со сите свои дијалекти, има над три милиони говорители

Дијалектната карта на македонскиот јазик, како што вели професорот Јовица Темов, е изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Обоените растери надвор од државните граници се области каде што се говорат македонски дијалекти Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови што се занимавале со македонскиот јазик или од ...

Read More »

Во Грција организација од Лерин почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик

Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која се обидува да го заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Од денеска Центарот почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници. Курсот е наменет за граѓаните на Грција кои имаат малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик, за сите возрасни групи. Сите лекции се достапни во ...

Read More »

Одбранети над 80 дипломски трудови од областа на македонскиот јазик на факултетот во Љубљана

Во последните две децении на Филозофскиот факултет во Љубљана се одбранети над 80 дипломски и магистерски трудови од областа на македонскиот јазик и книжевност, а три од нив се наградени со Прешерновата награда за најдобри дипломски и магистерски трудови на Факултетот. Овие информации и податоци доаѓаат од Универзитетот во Љубљана, по повод 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето ...

Read More »

Совет за македонски јазик: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на јазикот

Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската унија, констатира Советот за македонски јазик (СМЈ). „СМЈ смета дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошната афирмација ...

Read More »

Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на истанбулскиот универзитет

Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, ...

Read More »

Стерјовски го честиташе денот на македонската азбука и порача да се чува македонскиот јазик, азбука, култура и традиција

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски од негово лично име и од во име на партијата, како учесник на настаните кои се одржуваат во општина Пустец, го честиташе Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Ова година одбележуваме 77 години од донесувањето на решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква. Во ...

Read More »

Македонскиот јазик е признат од сите славистички и лингвистички центри

Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. „Да ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј! Овој месец Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” достоинствено, работно и промотивно се посвети на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик (со подготовка и промоција на електронското издание на Толковниот ...

Read More »