Tag Archives: мала преспа

Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство на посета кај Македонците во Мала Преспа

Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство од Социјалистичкото движење за интеграција Едмонд Панарити, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ и градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, и генералниот секретар Васил Стерјовски во посета на жителите на село Глобочени, Мала Преспа кој одгледуваат чај. На барање на жителите, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство, Едмонд Панарити ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, митинг на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека Македонците не живеат само во општината ...

Read More »

Десет години “Преспа Бенд” ја негуваат македонската музика во Албанија (ВИДЕО)

  “Преспа Бенд” од Пустец, Мала Преспа има нова песна станува збор за свадбарска песна во која се кажува за тамошните свадбени веселби, а носи наслов “Татко, ќерка дарува”. Бендот постои 10 години во музичките води, но ова им е прва нивна песна. Сега излезе прилика да ја снимиме оваа песна со оглед на периодот од свадби кој е актуелен. ...

Read More »

Светата архиерејска литургија во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец

Денес во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец, Мала Преспа за првпат неделна света архиерејска литургија одржа Корчанскиот митрополит Неговото Високопреосвештенство г. Јован со свештеници од корчанската епархија на Албанската Православна Црква. На светата архиерејска литургија присуствуваа повеќе верници Македонци православни, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Read More »

Одбележан денот на писменоста и просветата во Албанија

Вчера општина Пустец го одбележа Денот на писменоста и просветата во Долна Горица, со историски час и рецитации за светите солунски браќа рамноапостолите Кирил и Методиј Македонците. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, а за ликот и делото на македонските и сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј Македонците, зборуваше писателот Спасе Мазенковски. Песни за Светите ...

Read More »

Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, денот на сеславјанските просветители

  Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заенички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите. Во почетокот Црквата одделно го празнувала ...

Read More »

Хуманитарен концертот во Мала Преспа

Хуманитарен концерт ќе се оржи во Пустец, Мала Преспа  на 11 јуни 2017 година срествата ќе се донират за црквата Св. Архангел Михаил во Пустец. На хуманитарниот концерт ќе настапат голем број македонски музичари како Благојче Стојановски – Туше, Анета Мицевска и група Молика, Елена Јовческа, групата маестрал Битола.  

Read More »

Македонски погранични средби Преспа 2017

Општина Пустец со богата културно-уметничка програма го одбележа христијанскиот празник Ѓурѓовден во село Глобочени во општина Пустец, Мала Преспа. Пред присутните настапи КУД “Тасе Милошевски” од Ресен и повеќе културно-уметнички групи од селата во општина Пустец. На празникот присуствуваа голем број на Македонци од Мала Преспа.

Read More »

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Мала Преспа

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Република Албанија, со Предлог­законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент. Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, ...

Read More »

РТШ репортажа за Македонците во Мала Преспа

По повод Велинденските празници екипа на Државната Радио Телевизија на Албанија РТШ направи репортажа за начинот на кој Македонците во Мала Преспа го прославуваат Големиот Христијански Празник Велигден.  

Read More »