Tag Archives: Претседателот на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го прими премиерот на Малта

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими премиерот на Република Малта, г. Џозеф Мускат, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Република Малта. Македонскиот претседател потенцираше дека со воспоставувањето на билатералните односи меѓу ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Иванов присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на 100 години од крајот на Првата Светска Војна

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Јордан

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан за Република Македонија, со седиште во Анкара, Република Турција Н. Е. г. Исмаил Иса Исмаил Рифаие. Претседателот д-р Ѓорге Иванов упати честитки по повод неговото именување и изрази интерес и подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го прими заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, д-р Миро Церар. На средбата, двајцата соговорници разговараа за унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот. Македонскиот ...

Read More »

Честитка од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија

Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. Вооруженото востание против фашистичкиот окупатор, започнато на 11 октомври 1941 година ни ја донесе слободата и остварувањето на сонот за формирање на македонска држава. Патот до конечната победа преку долготрајната Народноослободителна борба исполнет со страдање и хероизам ни обезбеди место на страната на правдата и на човечноста. Борбата за слобода ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов освари проштална средба со амбасадорот на Република Куба за Република Македонија

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г. Педро Пабло Сан Хорге Родригез. На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од соработката со амбасадорот Родригез и од неговото залагање за унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Куба. Претседателот Иванов ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на средби со чешкиот државен врв: Чешка е вистински пријател на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, оствари средби со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент г. Милан Штех и г. Радек Вондрачек. На средбата со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш, двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов освари средба со Претседателот на Чешката Република

  Ако е многу ниска излезноста на референдумот тоа може да значи три работи: бојкот, незаинтересираност или лошо поставено прашање. Кое од овие три работи важи за Македонија тоа треба самите да си одговорат, порача претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан, на заедничката прес конференција со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој престојува во дводневна официјална посета ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во официјална посета на Чешката Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова, престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република. Претседателот Иванов денеска во Прага со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од Претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. ...

Read More »

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

    Почитувани граѓани на Република Македонија, На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Тивкото мнозинство одлучи. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати. Пораката од народот е испратена до оние кои мора да ја слушнат. ...

Read More »