Tag Archives: Светскиот Македонски Конгрес

Светскиот Македонски Конгрес повикува на бојкот на референдумот

Во големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба на 11.08.2018 година во Скопје се одржува 28. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес. На 28. Генерално Собрание на СМК присуствуваа претставници од сите делови на Македонија, европските и прекуокеанските земји Канада, САД и Австралија. Во работното претседателство на 28. Генерално Собрание на СМК беа избрани: претседателот на СМК – Тодор ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес против договорот Македонија – Грција

Светскиот Македонски Конгрес врз основа на барањата од повеќе македонски заедници и организации во светот утврди Семакедонски проглас против Договорот Заев-Ципрас за велепредавство на државата и нацијата. Светскиот Македонски Конгрес апелира истиот да се дистрибуира меѓу сите македонски заедници и организации во светот и секој поединечно да го доставува до претседателот, Собранието и Владата на Македонија, домицилните власти и меѓународните ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес бара итно да се прекинат преговорите за промена на името

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе ги преземе сите мерки во согласност со домашното и меѓународното право за поништување на договорот Заев-Ципрас и штетните последици по државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Македонија. СМК смета дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата претставува, капитулација, корупција и организиран криминал поради лукративни цели! СМК очекува лицата кои ќе склучат и ...

Read More »

Лондон се одржа основачко собрание на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија

    На 2 јуни 2018 година во просториите на Македонскиот Културен Центар “Методија Андонов Ченто“ во Лондон се одржа основачко собрание на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. Присутните извршија избор на претседателство и се договорија за наредни активности во интерес на Македонците во Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска и македонските работи ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува бугарската агресија врз Македонците во областите Гора и Жупа на Косово

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) изразува сериозна загриженост поради бугарската инвазија меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово и Гора во Албанија, претставувајќи ги како “бугарско малцинство“! СМИР пред меѓународната јавност и властите во Албанија и Косово прокламира дека Бугари во Косово и Албанија, како и во регионите Гора и Жупа, НЕМА! СМИР бара Софија да ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес: Македонија никогаш не била грчка

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун дека во преговорите “Не одиме за да го дадеме името Македонија, туку одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години“ и дека “името без одредница упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија!“ СМК потсетува дека ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес: Во Косово нема Бугари, туку Македонци

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за време неговата официјална посета на Софија, за “бугарското малцинство“ на Косово. СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари! Бугари на Косово може да има само во бугарската амбасада во Приштина! СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес – Австралија се регистрирани во Секторот на невладини организации на Обединетите Нации

Светскиот Македонски Конгрес оствари уште еден успех на глобално ниво. Светскиот Македонски Конгрес – Австралија со гордост објави дека се регистрирани во Секторот на невладини организации при Одделението за економски и социјални прашања на Обединетите Нации. Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, исто така, е регистриран и во Здружението на Обединетите Нации во Австралија и е единствена австралиска македонска невладина организација ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес упатува остра осуда на бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија и Косово

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење, Софија ја засилува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора и Жупа на Косово и во Република Албанија, претставувајќи ги за “Бугари“. СМК ја осудува бугарската пропаганда во Албанија и Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“. СМК и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово, независно од вероисповедта, се ...

Read More »