Тепачка во живо на Албанска телевизија (ВИДЕО)

Лидерите на двата албански синдиката со тепачка ја завршија телевизиската дебата што се емитуваше во живо. Во дебатата на ТВ „Скан“ претседателот на Конфедерацијата на синдикатите на Албанија, Кол Николај, беше нападнат со тупаници од страна на претседателот на Синдикатите на рударите, Фикири Џибри, а тој потоа возврати. Синдикалаците се степале поради разните ставови за положбата и протестите што ги најавуваат рударите во Албанија, кои работаат во мошне тешки услови, а со ниски примања. Емисијата заврши предвреме, а водителката беше немоќна да ги раздели лидерите на албанските синдикати по што реагираа камерманите.