Тешко да се бидеш припадник на малцинствата во Грција

Грција, структурата на популацијата успеа да ја хомогенизира благодарение на размената на населението со Турција и Бугарија согласно Договорот од Лозана и Нејскиот мировен договор како и некои миграции. Грчките власти продолжуваат да го негираат постоењето на помалите етнички групи кои и натаму егзистираат на овие територии. Затоа во различни извештаи во врска со Грција се критикува оваа земја поради проблемите со кои се соочува со македонското, турското, албанското малцинство. Примерот на Грција покажува дека кај Балканските земји сеуште кон малцинствата не се гледа како на културно богатство на таа земја.

Балканот во текот на историјата беше сцена на владеењето на различни владетели и империи. Римјаните беа првата сила под чија хегемонија и власт потпадна целиот Балкан. Веднаш по нив, значаен дел од Балканот потпадна под хегемонијата на Византиската империја. Со текот на времето и распаѓањето на Византиската империја, Балканот постепено почна да потпаѓа под влијанието на Османлиската Империја и Хабсбуршката династија, додека по 1867 година се запозна и со Австроунгарската империја. Паралелно со тоа, особено во период кога почна да слабее Византиската империја, Словените ја искористија шансата за формирање силни Средновековни држави. Поради тоа денес е многу тешко да се најде етничко чиста област на Балканот.

Со обликувањето на границите на националните држави на Балканот, приврзаниците на одредени етнички групи останаа во границите на соседните земји и на тој начин станаа етничко малцинство во новата држава. За жал новите балкански држави на овие малцинства никогаш не сметаа како на културно богатство на земјата. Ставот дека малцинствата од страна на соседните матични земји се користат како средство за надворешна политика, подолг временски период владееше на Балканот. Впрочем ако погледнеме на случувањата во 1990-те години, ќе увидиме дека малцинствата на Балканот беа искористени како искра за започнување на судирите. Малцинствата се искористуваа како повод за започнување напад на соседната земја или пак внатрешни судири во рамките на земјата.

Особено Грција, како земја членка на НАТО Алијансата и ЕУ и натаму продолжи да ги негира малцинствата. Затоа Македонците, Турците, Албанците кои живеат во Грција продолжуваат да ги изнесуваат различните проблеми и тешкотии со кои се соочуваат во секојдневниот живот.

Во граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, беа протерани Македонците од Егејска Македонија денска во Грција. Македонците  беа протерани дури по 23 октомври 2003 година, односно период од 55 години им беше дозволено да се вратат во Грција и да ги видат старите имоти. Претставниците на политичката партија на македонското малцинство во Грција „Виножито“ како и некои претставници на организациите за човекови права истакнуваат дека повремено Македонците во Грција се изложени на провокации, се следат од страна на безбедносните сили и им се закануваат.

Албанците кои денес живеат во Грција се делат на три групи: православни Албанци, Албанците од подрачјето Чамерија и Албанци мигранти – печалбари кои престојуваат на привремена работа во Грција. Познато е дека денес значаен број од православните Албанци кои од 19-от век живеат во Атина и околината се хеленизираа. Значаен број од Албанците во областа Чамерија чиј број се претпоставува дека изнесува околу 100 илјади се муслимани. По 1945 година под изговор дека Албанците од Чамерија соработувале со италијанските окупатори за време на Втората светска војна, Грција депортираше околу 30 илјади Албанци. Грчките власти ден денес постојано го негираат фактот за екстрадицијата на албанските семејства и враќање на нивните имоти.

Околу 120 илјади Турци кои живеат во Западна Тракија, област во североисточна Грција исто така продолжуваат да ги изнесуваат своите проблеми. По 1990-те години, покрај тоа што беа доживеани одредени поволни случувања во врска со Турците во Западна Тракија, за жал и натаму продолжуваат проблемите на Турците во Грција. Основните проблеми и прашања на Турците во Западна Тракија се неможноста од употребата на зборот „Турчин“ односно „турски“ во секојдневниот живот, проблемот со муфтиството и изборот на муфтијата, образованието на мајчин турски јазик, политичките и граѓанските права и слободи, правото на праведно судење и економски развој.

Примерот со Грција, истовремено претставува конкретен пример за сомнителниот приод и став на балканските држави кон малцинствата како и сомнението дека малцинствата се раководат од страна на матичните земји. Затоа, се додека не се промени овој став на балканските земји и малцинствата не се сметаат за културно богатство на таа земја, Балканот ќе продолжи да важи за регион кој обилува со малцински прашања.