Трамп го потпиша указот за спроведување на дискутабилната даночна стапка од 25 и 10 насто

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот за спроведување даночна стапка од 25 и 10 насто при увозот на челик и алуминиум. На свеченото потпишување на указот во врска со дискутабилната даночна стапка која манифестација се одржа во Белата куќа, Трамп рече дека одлуките кои што ги усвоиле денес, не се опција, туку неопходност за безбедноста на нацијата. Долги години челичната и алуминиумската индустрија на САД се цел на другите земји, рече Трамп потенцирајќи дека силната челична и алуминиумска индустрија има витално значење за националната безбедност.

„На крајот фрливме конкретен чекор за решавање на прашањето кое подолг временски период се наоѓа на дневниот ред. Денес ги донесувам даночните стапки со кои ќе ја зачуваме националната безбедност на САД. Со новите даночни стапки за увозот на челикот определивме 25 насто дополнителен данок, додека за алуминиумот 10 посто. Паралелно со тоа, на сите вистински пријатели кои имаат праведен однос во трговската и воена соработка со САД ќе им покажеме голема фелксибилност рече Трамп потенцирајќи дека наведените тарифи на сила ќе стапат дури по 15 дена.