Три гасоводи со должина од 200 километри и вредност од 80 милиони евра се градат во Македонија

Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме. Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Куманово и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола, Скопје – Тетово – Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите.

Работите се одвиват во полн ек, напредокот е сериозен, во зрела, длабока фаза на градба, на инсталирање на гасоводите. На среднорочен план, како што најави, е предвидено продолжување на овие краци. Објавен е и тендерот за секундарна гасификација, односно за барање концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација. Има интерес од повеќе фирми и се очекува концесионерот да биде избран годинава.