Турската православна црква застана во одбрана на Руската Православна црква

 

Непризната од никого Турската православна црквазастана во одбрана на Руската Православна црква, поднесувајќи тужба против Вселенската Патријаршија.

Вартоломеј нема овластување да ги испрати своите егзархи во Украина и да ѝ даде автокефалија на нејзината црква. Според Мировниот договор од Лозана од 1923 година, статусот на Цариградскиот патријарх е ограничен на Грците што живеат во Турција, изјавил портпаролот оваа организација за РИА Новости.

Неканонската Турска православна црква е формирана во 1922 година со одлуката на турската влада, која се обиде да создаде национална православна црква, која не е поврзана со грчкото православие. И покрај мал број на парохијани, црквата има три храмови во Истанбул.  Во моментов, Турската православна црква ја води патријархот Ефтим IV./www.religija.mk

Advertisement