Турција: Измир доби улица Дебарска

 

Во турскиот град Измир, каде што живеат голем број Македонци локалната власт донесе одлука една од улиците да го носи името „Дебарска“. Претставникот на Општина Маврово – Ростуше, Фикрет Ибраими, информира дека на свеченоста присуствувале градоначалникот на Борнова, Атила Олгун, и градоначалникот на општина Маврово – Ростуше, Медат Куртовски. На улицата, на која најголемиот број Македонци се од Реканско-дебарскиот Регион, поставена е таблата „Дебре сокак“, што во превод значи „Дебарска улица“. Во близина на оваа улица е и познатата Дебрели-џамија, односно Дебарската џамија. На свеченоста градоначалникот на Борнова нагласи дека иселениците од Македонија имаат големо значење во економскиот развој на општината и се активни во сите сфери од животот.