Уапсен првиот човек на „Амнести интернешанл“ за Турција

Турската полиција уапсила 12 лица, меѓу кои е и шефот на организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенал (АИ) за Турција, Идил Есер.Сите биле уапсени на состанокот што се одржувал на островот Бујукуда, недалеку од Истанбул, објавија турските медиуми.

Според „Хуријет“, тие биле уапсени додека биле на состанок, биле однесени во полициска станица, но причините зошто се уапсени не се познати. Меѓу уапсените се седум активисти за заштита на човековите права, двајца инструктори, Германец и Швеѓанец, како и сопственикот на хотелот, наведе АИ во своето соопштение.