Весникот “Илинден” стана дел од платформата Daily.mk

Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој од средината на март годинава е и со елекронско издание, стана дел од платформата Daily.mk. Сега весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, “Илинден” стана прв весник на Македонци од Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести.

Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник и познат публицист му се заблагодарува на тимот на Daily.mk. Првиот број на весникот„Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот.

Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија. Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Албанија, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се.

Весникот е на македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.