Вишеградската Четворка го Бојкотира Самитот на ЕУ

Лидерите на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка одлучија да не присуствуваат на самитот на ЕУ посветен на миграцијата овој викенд, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, свика итен состанок во Брисел, во обид да го реформира системот на ЕУ за азил, кој ја преплави ЕУ со милиони мигранти кои продолжуваат да пристигнуваат секојдневно.

“Ние разбираме дека во недела ќе има самит но би сакале јасно да кажеме дека премиерите на В4 се ​​согласија дека нема да одат на овој самит“, рече Орбан во Будимпешта во четвртокот.  Вишеградската Четворка е групата на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка, кои ги отфрлија предлозите од ЕУ да дозволат прием на мигранти во нивните нации. Во изјавата за Си-Ен-Ен, канцеларијата на Орбан рече дека прашањето на миграцијата треба да се дебатира од страна на Европскиот Совет, кој ги вклучува лидерите на сите земји на ЕУ, а не Европската Комисија, која е извршната власт на нелегитимната ЕУ составена од неизбрани и во домашните земји поразени политичари како Могерини и Хан. Состанокот на Европскиот совет е закажан за крајот на следната недела.

“Ние разбираме дека во некои земји има внатрешно-политички потешкотии, но ова не може да резултира со некое пан-европска лудило“, рече Орбан во изјавата од неговата канцеларија. Изјавата е кон германската канцеларка Ангела Меркел, која има помалку од две недели да се согласи за нова миграциона политика со европските лидери или да се соочи со  новиот бунт од нејзината сопствена влада, која се заканува дека ќе го донесе Меркеловото 13-годишно владеење кон скор крај.