“Виз ер”воведе авиолинија Охрид – Виена

Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ нова авиолинија од Охрид до Виена од 15 ноември. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела со цени на картите од 1.199 денари. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека Виена како дестинација ќе биде четврта по ред авиолинија од Охрид што ќе сообраќа во текот на целата година, по Цирих, Базел и Лондон. Заедно со трите нови сезонски дестинации, најавени дека ќе се воведат во текот на претстојната летна сезона, сигурни сме дека ќе се придонесе за значаен пораст на авиосообраќајот на охридскиот аеродром во текот на 2018 година – изјави Ерсој. „Виз ер“ оваа година ќе понуди вкупно 30 авиолинии во 14 држави, достапни од двата македонски аеродрома, што ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи како и за унапредување на бизнис-врските помеѓу државите

Advertisement