Во Албанија ќе се гради центар за балкански повратници од ИД

Во Албанија ќе се гради центар за повратници од ИД од балкански држави, информацијата се соопшти на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана со поддршка на јорданскиот крал. Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји. За тоа предложив секоја држава да испрати по еден офицер за врски,со цел заедничката борба да биде поорганизирана, изјавил Борисов по средба со премиерот Рама,наведува порталот Албеу. Тој нагласил дека тоа нема да биде единствен центар во Албанија со „фокус на тероризмот“

Во мај 2017 година министерката за одбрана Олта Џачка изјави дека ќе се отвори Центар чија цел е проучување на феноменот на странските борци. Идејата за отворање таков центар била од поодамна. Во напис на Балканинсајд од јуни 2016 година на новинарката Фатјона Мејдини, цитиран е полковник Бардул Колчаку, директор на Служба за разузнавање и безбедност, АИСМ, во која се наведува дека “Албанија ја презела таа иницијатива бидејќи ја согледала празнината на тој феномен во НАТО”.

Ние имаме потребно искуство за да придонесеме во запознавањето, изучувањето и решавањето на борбата против феноменот на странските борци. Географската положба на Албанија, како дел од Западен Балкан ја претвори во земја на потекло на странски борци и се заложивме да ги споделиме нашите познавања и искуства, изјавил Колчаку. Освен борците од ИД кои се очекува набрзо да бидат координирани, наведува порталот, во Албанија се сместени и околу три илјади ирански муџахедини, припадници на иранската опозиција,кои претходно беа сместени во американски капм во Ирак. За таа цел изграден е објект во Барбу вреден 950 илјади евра.

Advertisement