Во Корча се одржа 19 ти состанок на групата на заинтересираните страни за прекуграничниот регион “Преспа”

Денеска во просториите на Dorcas Aid Albania во Корча, се одржа 19 ти Состанок на групата на заинтересираните страни за прекуграничниот регион “Преспа”. На состанокот се прегледа активностите поврзани со имплементација на АБД пристапот во прекуграничниот регион “Преспа”, во рамките на проектот на Европска Унија. Цел на состанокот е регионална соработка и вмрежување во областа на земјоделството, руралниот и економскиот развој на прекуграничните области. Присутни на состнакот беа г-ѓа. Виола Богдани, Претседател на ГЗС за прекуграничниот регион “Преспа”, г-дин Дамјан Сурлевски, SWG Проектен Менаџер
г-дин. Дарко Бужаровски, Регионален Менаџер за прекуграничниот регион “Преспа”, г-дин. Филип Секулоски, Регионален Експерт за туризам – SWG.