Во невреме во Германија 7 лица го загубиле животот

Во невреме 7 лица го загубиле животот во Хамбург и во Берлин во силното невреме што ја зафати Германија. Ветерот кој што дува со јачина од 180 километри на час искорнал дрвја и покриви од куќите. Во Хамбург настрадале двајца кога ветрот искорнал дрвја кои паднале над возилата во моментот кога возачите се наоѓале внатре во возилата.

Исто така силниот ветер предизвикал неколку сообраќајни несреќи во кои имало загинати и голем број повредени лица. Градските власти ги предупредиле граѓаните без поголема потреба да не излегуваат од домовите. Авионите полетуваат и слетуваат со закаснување во главниот град Берлин. Застои се забележуваат и во градскиот превоз. Одредени железнички линии се во целосен прекин.Патниците од брзиот боз на релација Амстердам-Берлин биле симнати од возот и привремено сместени во една спортска сала. Се очекува силниот ветер да биде почувствуван и во Полска бидејќи се движи кон тој правец.