Во Тирана тркалезна маса “Законот за заштита на националните малцинства, де факто, чекор назад за почитување на нивните права” (ВИДЕО)

Денеска во Тирана, партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, по повод 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права, организираше тркалезна маса на тема “Законот за заштита на националните малцинства, де факто, чекор назад за почитување на нивните права”. Учествуваа преставници на грчката, македонската, влашката, ромската и египќанската заедница во Албанија, како и преставници на странските амбасади во Тирана. Преставаницте на малцинствата беа едногласни дека со усвојувањето на “Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија” не се почитуваат правата на малцинствата, ниту се земени предвид препораките на Советот на Европа и побараа меѓународна подршка со цел албанската влада да го измени законот, каде би се прифатиле препораките на малцинствата.

Премерот Еди Рама нема политика волја за даг заштити нацоналните малцнства,-обвни Вангел Дуле лидер на паријата на грчкото малцинство и пратеник во албанскиот парламент. Во името на македонската заедница, Васил Стерјовски,посочи дека сите малцинства во фазата на изработка на овој закон дале свои предлози, но тие не биле прифатени и се донесол закон што не е во духот на препораките на европските институции. Очекуваме, додаде Стерјовски, да бидиме дел и од фазата од изработката на законските одредби со кои ќе се овозможи спроведување на овој закон, но можеме да заклучиме дека најголем дел од правата што произлегуваат од овој закон ќе се применуваат само во малцинските области признати од комунистичкиот режим и со новата територијалната реформа од 2014 година само во три општини Пустец, Дропул и Финиќ, а не на целата територија.

Не беа прифатени нашите барања за гарантирани места во албанското собрание за малцинствата, матичните служби да издаваат документи каде ќе биде впишана и националноста на секој член од малцинствата, обезбедување образование на мајчин јазик за преставниците на малцинствата во предучилишното, основно, средно и високо образование, на целата територија на Албанија. Обезбедување на посебен буџет за развој на областите каде што традиционално живеат малцинствата со цел подобрување на условите за живот, во единиците на локалната самоуправа каде што припадниците на малцинствата изнесуваат помалку од 20 отсто, советите на локалната самоуправа да одлучаат нивниот јазик и писмо да бидат во еднаква официјална употреба, припадниците на националните малцинства да имаат право за застапување во извршните структури и вработувањето во јавните служби, вклучително и полицијата, -изјави Стерјовски генерален секретар на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ). Законот за “Заштита на националните малцинства во Република Албанија”,нагласи тој, за македонската заедница не ги решава проблемите со почитување на основните човекови права на целата територија на земјата.

Исто така,овој закон и создава големи проблеми на македонската заедница со признавањето на измисленето бугарско малцинство, откако Бугарија се закани дека ќе стави вето на членство на Албанија во Европската унија. Ние како македонска заедница сме против негирањето на правата и слободите на секој поединец, граѓанска група или заедница, но не можеме да прифатиме, денес во 21 век, да се применуваат политики од 19 век, за негирање на македонската нација,-смета Стерјовски. Додаде дека во Албанија, во согласност со сите историски факти, пописите реализирани во текот на годините, во областите Преспа, Голо Брдо и Гора каде што Бугарија бара бугарско малцинство, има малцинство кое е декларирано за македонско, кое има ист фолклор, традиција и јазик со македонскиот народ, живее во компактни области на граница со Македонија и има територијален континуитет со Република Македонија.

Признавањето со овој закон, на непостоечко бугарско малцинство во Албанија, покрај тоа што е научна и историска деформација, исто така е сериозна провокација, создавајќи непостоечки реалности и вештачки ни создава многу проблеми со Бугарија, која цели негација на македонската заедница во Албанија, – заклучи Стерјовски.

 

Advertisement