Возачот на министер за внатрешни работи пронајден мртов со куршум во глава (ВИДЕО)

Возачот на министер за внатрешни работи вработен во републиканската гарда пронајден е мртов во Тирана, соопшти полицијата. Шкељзен Ќордја (31) е пронајден мртов во своето возило во гаражата, во раните утрински часови со прострелна рана на главата. Полицијата наведе дека се пронајдени и три чаури во гаражата на Националата гарда во центарот на Тирана. Албанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај изрази жалење на смртта на возачот за кој рече дека бил „исклучителен работник“ и дека го сметал за дел од семејстовото. Џафај апелираше до медиумите да ја „почитуваат болката на неговите родители, браќа и роднини“. Колегите на возачот изјавија дека не забележале дека имал некакви проблеми.