Заедницата на Македонците во Хрватска изразува загриженост за политичката криза во Македонија

 

Заедницата на Македонците во Хрватска изразува загриженост за политичката криза во Македонија. Иако Заедницата на Македонците во Хрватска ги обединува сите Македонци по потекло од Македонија кои живеат во Хрватска, независно од нивната политичка припадност, верско уверување и социјална положба, со цел афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор, нема никогаш да останеме рамнодушни кон се’ што ја нарушува унитарноста, државностам, суверенитетот и интегритетот на Македонија, како наша една и единствена татковина.

Македонците во Хрватска ги уживаат сите права и слободи во согласност со Уставот и се лојални граѓани на Хрватска.Македонците во Хрватска сметаат дека никој нема право да го руши интергитетот и суверенитетот на Македонија и повикуваат на дијалог, заради мирот и социјално-економската стабилност во земјата без повреда на ничие етничко или верско достоинство. Заедницата на Македонците во Хрватска како и досега, апелира до политичките лидери во Македонија, без меѓународна арбитража, да постигнат договор за уставниот поредок, мирот, унитарноста, социјално-економската стабилност и уставната позиција на македонскиот јазик на целата теритирија на Македонија и конечно да се фокусираат на евро-атлантските интеграции.

Повикуваме на мир и стабилност во земјата, национално единство, меѓусебна доверба и толеранција, – се вели во соопштението на Заедницата на Македонците во Хрватска потпишано од претседателот Илија Христодулов.