Затемнувањето на месечината феномен видлив на секои 25.000 години

 

Љубителите на ѕвезденото небо вечерва ќе можат да ја погледнат најдолгата „крвава месечина“ за 21 век. Кога ќе изгрее, ќе ја менува бојата од жарко црвена до боја на ‘рѓа. Целосното затемнување ќе трае час и 43 минути. Таму каде што небото ќе биде бистро, феноменот ќе биде видлив низ цел свет, со исклучок на Северна Америка. Ќе почне над Британија и Западна Европа, а делови ќе бидат видливи и над Средниот исток, Африка, Австралија, поголемиот дел од Азија и Јужна Америка.

Истата вечер и во наредните денови Марс ќе биде најблиску до Сонцето и до Земјата од 2003 и ќе биде видлив како „светла црвена ѕвезда“ таму каде што небото ќе биде чисто, веднаш под Месечината. Феноменот што ќе го создадат заедно се гледа секои 25.000 години. Целосно месечево затемнување се случува кога Земјата ќе се најде меѓу Сонцето и Месечината и ќе ја покрие целосно со својата сенка. Тогаш Месечината станува црвена и затоа ја нарекуваат „крвава месечина