Земјотрес од 7,3 степени во Перу

 

Земјотрес со интезитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во југозападниот дел на Перу. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот бил на 124 километри југозападно од градот Пукујо. Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.