Земјотрес во Албанија почувствуван и Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е пополденво во 17:10 часот во Албанија, потресот бил на длабочина од два километра, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан. Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија. Освен вознемиреност кај граѓаните нема информации за материјална штета. Претходните четири земјотреси се со јачина од 2 до 3,1 степени според Рихтер и со епицентар во блицина на Тирана, Саранда, Драч и Бурел. За два и пол месеци од првиот потрес, кој беше регистриран во близина на Драч до сега на територијата на оваа земја регистрирани се над илјада потреси. Поради близината земјотресот со послаб интензитет е почувствуван и во Македонија.

Advertisement