Златниот гонг за Беким Вјерда од Албанија, Денис Муаремовски најдобар македонски боксер

Во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Република Македонија денеска се одржаа финалните натпревари во рамки на 47-то издание на најголемиот боксерски турнир „Златен Гонг“. Освојувач на наградата „Златен Гонг“ е Беким Вјерда од Албанија.

За најдобар македонски боксер е прогласен Денис Муаремовски, најдобар техничар е Виолент Сулејмани (Косово). Најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ (Србија). Признанието за најдобар тренер отиде кај Кристијан Ходак (Хрватска). Бранислав Дамајановски (Србија) е прогласен за најдобар судија на турнирот.